Добредојде

Презентација на FASP

Програма

Стажанти

Локација и опрема

Обучувачи

Часови во тек

Извадоци од печатот

Информации

 

 

 

ВИСОКА АДМИНИСТРАТИВНА ОБУКА (FASP)



Jean-Francois TERRAL, амбасадор на република Франција во Македонија, и Рубин ДВОРЈАКОФ, директор на агенцијата за државна администрација, на 15 ,март 2002, за време на потпишувањето на спогодбата за висока административна обука..


    Програмата Висока Административна Обука е дел од француската донација за Република Македонија доделена на крајот од 2000-та година и неговите основни принципи се договорени меѓу Амбасадата на Франција, во има на Француската влада и Агенцијата за државни службеници, во име на Македонската влада.

    Вкупната вредност на проектот, кој се состои од два дела - Општа висока административна обука и Специјализирани обуки, е во висина од 1,5 милиони евра, обезбедени од Француската Агенција за Развој.

    Општа шема на високата административна обука:

  • Четири месечна професионална обука во Скопје: два пати неделно (петок и сабота), 6 часови дневно, со вкупно 204 часа. Сите стажанти имаат право на 5 оправдани отсуства. Како дополнение на професионалната обука стажантите ќе следат задолжителни часови по француски јазик, два пати неделно, според распоредот на групите.

  • Два месеци обука во Франција: еден месец интензивно изучување на францускиот јазик и еден месец стаж во француската администрација.
    За педагошкиот дел на проектот се задолжени Националната Школа за Администрација (ЕНА) од Франција и Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања (ИСППИ) од Македонија.