|
Опрема
и локација
Високата
Административна Обука се одржува
во просториите на Агенцијата
за државни службеници на Република
Македонија, ул. Јуриј Гагарин
бр. 15, Скопје. Други институции,
како Министерството за економија
на РМ и американската организација
УСАИД, се сместени во истиот
објект.
Салата, со простор за 40 слушатели,
е опремена со најсовремена компјутерска
опрема, опрема за симултан превод
и современи педагошки помагала.
Во тек е и постепено формирање
на библиотека која ќе содржи
стручна домашна и странска литература
од областа на јавната администрација.
|